Црна хроника
Малолетник сакал да силува жена на кејот во Скопје
Петнаесет годишен малолетник се обидел да силува 39-година жена на кејот крај Вардар во Скопје, но се повлекол во намерата откако му бил пружен отпор.
Инцидентот се случил во саботата попладне, околу 16,30 часот, во Скопје на кејот на реката „Вардар“ , додека 39 годишна жителка на Скопје, се движела пеш по патеката и разговарала на мобилен телефон.Во еден миг таа забележала соблечено непознато машко лице, кое и се нафрлило, при што откако истата паднала на земја и почнало да ја допира по телото. Притоа жената пружила отпор и успеала да се оттргне од лицето. По преземени мерки лицето е пронајдено, се работи за Ш.Г. (15) од Скопје, против кое од страна на СВР Скопје по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.