Црна хроника
Налепниците се лепеле на задното стакло, а не на регистрациите
Налепниците со ФИРОМ што грчките гранични власти ги лепат на новите регистерските таблици на македонските возила со ознака МК при влез во Грција се во согласност на Времената спогодба, тврди Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје.
“Влегувањето на горе споменатите возила на територијата на Грција е регулиран со Посебните мерки поврзани со Времената спогодба меѓу двете страни. Според овие мерки, по влезот на приватно возило со ’МК’ знак на територијата на Грција, грчките власти ќе постават, на слободен простор на задното ветробранско стакло на овие возила, самолеплива налепница на која се наведува грчката резервираност кон овој код“ се вели во соопштението.
Канцеларијата за врски негира дека налепницата на која пишува ФИРОМ се лепи на регистерските таблички од автомобилите, како и тоа дека се планира да се наметне такса за лепење на налепницата.
“Граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија се добредојдени во Грција“ стои на крајот на соопштението./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…