Црна хроника
Фото: Се обидел да ја прошверцува жената во Македонија скриена во багажник
Албански државјанин пред два дена се обидел да ја скрие својата сопруга во багажник за да ја одбегне пасошката контрола на граничниот премин „Богородица“ на влез во Македонија, соопшти МВР.
Жената во багажникот ја откриле царинските службеници при контрола на возилото „хјундаи“ кое го управувал триесет и петгодишниот А.М. Била сместена во просторот за резервна гума, под тапацирот покриена со огромни торби и најлонски кеси
Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 20 дена и против него е поднесена пријава за „недозволено преминување на државната граница“./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.