Црна хроника
Двајца Македонци вмешани во меѓународниот криминал со платежни картички
Двајца Македонци се вмешани во меѓународиот криминал со платежни картички, соопшти македонската полиција која учествуваше во операцијата „Кардшоп“ која ја водеше американското ФБИ.
Групата во која биле вмешани Американци, граѓани од повеќе европски држави, од Азија, од Австралија, незаконски прибавувале податоци од платежни картички и истите за одреден паричен надомест ги нудат на продажба преку повеќе веб страници.
Како што соопштуваат од МВР, Македонците биле регистрирани членови и заедно со останатите лица неовластено нуделе на продажба преку интернет податоци од платежни картички и банкарски сметки, сопственост на странски државјани.
Во тек се разговори со Македонците за кои постои сомнение дека биле членови на меѓународната криминална група, а при претрес Единицата за компјутерски криминал извршен во координација со ФБИ пронајде компјутери и компјутерска и мемориска опрема.
Во вторникот во САД приведени беа 11 лица државјани на САД, како и по едно лице во Италија, Норвешка и Јапонија.
Меѓународната операција во Австралија, Канада, Данска и Македонија се сé уште во тек, со цел утврдување и на други лица инволвирани во криминалните активности, како и идентификување на нивни соработници или соизвршители.
„Ваквите компјутерски измами најчесто се извршуваат на глобално ниво преку интернет преку средствата за масовна комуниакција и во таа смисла ние постајано инвестираме во капацитетите на македонската полиција за да можеме така како што беше случај овој пат, да дадеме сопствен придонес во погоемите акции кои се одвиваат на глобално ниво“ изјави Јанкулоска.
И веб страницата на МВР ја нападнаа хакери, но немаше бришење на податоци, пробивање во компјутерскиот систем. МВР трага по лица кои го извршиле нападот
„Потребно е одредено време да се направи размена на информации, врз основа на кои ќе може да се детектира од каде доаѓа нападот, а потоа да се идентификува сторителот. Во моментот кога ќе биде ова завршео ќе одиме со соодветна кривична пријава“ изјави Јанкулоска./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.