Црна хроника
Кумановец загина во тешка сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово
Кумановец утрово околу 03.45 часот загина во тешка сообраќајка што се случи на патот Крива Паланка-Куманово во близина на местото „Света Петка“, соопшти МВР.
Сообраќајката се случила кога автомобилот „голф“ во кој се наоѓале триесет и тригодишниот кумановец Дејан В. И триесетгодишен скопјанец, излетало од коловозот и се превртело.
Кумановецот починал на лице место, а скопјанецот со тешки телесни повреди бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Увидот е извршен од страна на екипа од СВР Куманово во присуство на Истражен судија и Јавен обвинител, а се работи и на утврдување кој го управувал автомобилот. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.