Црна хроника
Пукање на свадба во Рашче
Вкупно 23 куршуми биле испукани на свадба во скопското село Рашче, соопшти МВР.
Деветнаесетгодишно момче од селото во сабота попладне во 17.20 часот пукало со пиштол „М-57“ кал.7,62 мм за кој немало дозвола.
Во близина на местото каде што било пукано затекнат бил и уште еден шеесет и четиригодишен жител на Рашче кој пукал со пиштол марка „Зброевка“ кал.7,65 мм, кој го поседувал со дозвола.
Полицијата од „Ѓорче Петров“ презема мерки за расчистување на случајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.