Црна хроника
Граделе околу црква прогласена за културно наследство
Во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“, лоцирана во Старо Нагоричане, полицијата фатила тројца градежници, како изведуваат градежни работи без одобрение од министерството за култура.
Во понеделник, полициски службеници ги затекнале работниците Р.Б.(33), Н.Р.(38) од Скопје, како и геоинженерот Г.К.(66) од Скопје, ангажиран од фирмата “Геофлуид“- Скопје, како вршат ископи без одобрение, при што направиле шест ископини околу црквата поради наводно вршење сондажа на земјиштето а притоа користеле мотики и копачи.
Увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на инспектори за културно наследство од Министерство за култура, Управа за заштита на културно наследство.
Констатирано е дека црквата „Свети Ѓорѓија“ е објект од културно наследство и природна реткост и во Централен регистар на Македонија е заведена како заштитено добро, па поради тоа за каква било интервенција на вакви објекти задолжително треба да се има конзерваторско одобрение издадено од Министерството за култура.
Бидејќи овие лица работеле без одобрение од Министерството за култура, па приведени се во СВР Куманово.
Им се подготвува кривична пријава за сторено кривично дело “Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.