Црна хроника
Фатен криминалец што се обиде да убие двајца во Скопје
Скопјанецот М.М.(21) е предаден на истражните органи поради основано сомневање дека на 17 мај годинава се обидел да лиши од живот две лица од Скопје, при што извршил кривично дело – “убиство во обид“, соопшти МВР.
Според сознанијата ма полицијата, на кривичното дело претходела меѓусебна нетрпеливост меѓу сторителот и двајцата оштетени, инаку евидентирани сторители на кривични дела, којашто подолго време постоела при што лично или преку други луѓе си упатувале меѓусебни закани.
На 17 мај, околу 20.30 часот, оштетените Д.А. (25) и Б.Ј. (24) дошле во паркот во населба Ѓорче Петров, каде по кусо време пристигнал и пријавениот М.М. при што помеѓу тројцата избила вербална расправија.
Во расправијата, тројцата си упатиле навреди и закани, а М.М. извадил пиштол непозната марка, кој бесправно го поседувал и со кој на Б.Ј. му нанел две, а на Д.А. една прострелна рана.
По извршувањето на кривичното дело, пријавениот избегал, а оштетените се пренесени во Ургентен центар, каде им се констатирани тешки телесни повреди, прострелни рани во граден кош, карлица и потколеница.
По, 45 дена во бегство, вчера со М.М. e извршен разговор во полициска станица при што тој го признал извршеното кривично дело./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.