Црна хроника
Затворски службеник од Прилеп се заканувал со пиштол
Вработен во затворот во Прилеп, пијан, со службениот пиштол се заканувал кон свои сограѓани, информира МВР.
Имено, во петок попладне, околу 14.00 часот, во полициската станица во Прилеп, Б.Д. (37) од Прилеп пријавил дека лицето З.Ј. вработено во затворот во Прилеп, во видно алкохолизирана состојба и во униформа со пиштол на појасот, лисици и пендрек, им се заканувал.
Службеникот со автомобил марка „Алеко“ дошол пред куќата на Б.Д. и викнал по него, по што излегла неговата сопругата Н.Д. која му кажала дека Б.Д. не е дома, а го побарала на мобилен телефон.
З.Ј. на агресивен начин и го зел телефонот со цел тој да зборува со Б.Д., со образложение да му кажел дека му ги носел 100-те евра кои наводно му ги должел.
Кога Б.Д. дошол со такси и влегол во дворот, З.Ј. веднаш го фатил за вратот и почнал да го дави, а откако Б.Д. паднал на земја, З.Ј. го извадил службениот пиштол и го вперил кон него.
Но, сопругата на оштетениот Н.Д. го фатила З.Ј. за рака, а Б.Д. побегнал, додека З.Ј. со вперен пиштол мафтал низ дворот и се заканувал кон сите, а потоа заминал.
Полицијата во Прилеп презема мерки за расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.