Црна хроника
Во Апелација во тек јавна седница за убиството на Мартин Нешкоски
Во Апелациониот суд Скопје во тек е јавната седница за случајот на поранешниот припадник на полициската единица „Тигар“, Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски што се случи ноќта 5-ти кон 6 јуни минатата година
Спасов во јануари беше осуден на 14 години затвор, по нешто неговиот адвокат Ване Андреев приложи жалба на оваа пресуда.
Досега, како што јавува репортерот на Макфакс, во текот на јавната седница во скопскиот Апелационен суд е прочитана пресудата за случајот. Спасов во своите завршни зборови тврдеше дека тој и неговите колеги биле службено ангажирани на плоштадот Македонија каде што се славеше изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и дека тој не е убиецот на Мартин Нешкоски.
Јавната седница ќе продолжи по едночасовна пауза.
Спасов, според обвинителниот акт, крвнички го претепал скопјанецот Мартин Нешкоски поради банална причина. Мартин, имено, сакал да се качи на бина на која се прославувала победа на предвремените избори во јуни 2011 година.
Судењето траеше неколку месеци. Беа сослушани повеќе од 30 сведоци. Секој сведок притоа истапи со своја приказна. Сите се виделе, но и ништо конкретно не запомниле. Се појавија и сведоци кои биле директни учесници во дел од настанот , кои дури при крај на процесот отворија битни елементи од кои се расчисти случајот кој ја потресе и политичката јавност, но и младината.
Спасов упорно тврдеше и се соочуваше со своите колеги дека бил на задача, дека го бркал Нешкоски, но не го убил. Тврдеше и се обидуваше да докаже дека некој друг е оној што го задал смртоносниот удар над носот на Нешкоски од што се создало внатрешно крварење. Според обдукцијата токму тоа е причина за смртта на момчето, но никој не го даде одговорот како последица од чиј удар е.
Излегоа сведоци кои збунети од изгледот на Спасов, кој во текот на процесот носеше рада и коса за разлика од претходно, се двоумеа дали е тоа момчето што го виделе вечерта но имаше и такви кои брадата не ги збуни и беа категорични дека Спасов е виновникот.
Семејството на Нешкоски преку своите тројца адвокати и обвинител покажаа со прст кон Спасов, но на крајот од процесот во јануари годинава во судницата мајката на Нешкоски праша „Кој го уби кој ?Кажи!“. Таа го праша токму обвинетиот Спасов кој сигурен во себе кажа дека не е виновен и жали, бидејќи некој сакал да го претстави како голем злосторник и нечовек. Признава дека се карал и се бркал со Нешкоски. но никако не прифаќа дека го претепал до смрт.
Судскиот процес се одвиваше во тешка и мачна атмосфера. Во малата судница постојано имаше многу луѓе.
Доказната постапка заврши. Александар Нешкоски брат на убиениот Мартин и семејството без оглед на пресудата најавивја уште во јануари натамошна борба за да дојдат до вистината кој го уби нивниот Мартин. /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.