Црна хроника
Уште една несреќа со скутер во Охридското езеро-повредено девојче
Уште една несреќа се случила во понеделник попладне на „Машка плажа“, спроти ресторанот „Ванила“ во Струга.
Малолетник на возраст од околу 17 години со скутер удрил 11-годишно девојче од Тетово и ја повредил во десната потколеница.
По несреќата малолетникот избегал преку плажата во непознат правец, додека друго непознато лице го зело скутерот и заминало кон стадионот „Караорман“.
Повреденото девојче било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, а по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување.
Полицијата запленила скутерот „Јамаха“ на 24-годишен жител на Велешта, за којшто постои сомнение дека е поврзан со несреќата.
Поради зачестеноста на инцидентите во струшкото крајбрежје, независно од тоа што забраната за возење скутери во езерото стапува на сила на 20 јули, од денес, тимови составени од езерската полиција, СВР- Охрид и инспектор од охридската капетанија, ќе вршат засилени контроли преку целиот ден./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.