Црна хроника
Скопјанец си го убил братот
Скопјанец си го убил братот во заедничкиот сервис за миење на возила „Монца“ на улица „Иво Лола Рибар-2“, соопшти МВР.
Двајцата браќа во понеделник околу 09.20 часот почнале да се расправаат околу сервисот, а расправијата кулминирала кога 64-годишниот С.С. извадил нож и го избодел својот три години помал брат.
Вработен во сервисот и уште еден скопјанец кој се затекнал во сервисот, успеале да го совладаат лутиот брат и да му го одземат ножот.
Скопјанецот кој се затекнал таму се здобил со исекотина на левата рака, а повредениот Бранко бил пренесен во Ургентниот центар, каде им подлегнал на повредите.
Извршен е увид на лице место и подигнати се траги, нож, облеката на напаѓачот.
Осомничениот е приведен и во текот на денот треба да биде изведен пред Истражен судија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.