Црна хроника
Петчлена банда крадела низ Охрид и Струга
Петмина скопјани заработија кривични пријави за кражби, откако во периодот јуни-јули од повеќе деловни објекти во Охрид и Струга, од паркирани автомобили и од плажи, одземале пари, лап-топ компјутери, мобилни телефони, златен накит и други вредни предмети.
Крадците М.М.(20) К.Н.(17) А.Ј.(21) Е.Ј.(19) М.Ј.(23) се стекнале со против-правна имотна корист од близу 120.000 денари.
Според документираните сознанија, петчлената група, во продавницата “Оптика“ во Охрид лоцирана на улицата „Св.Климент“, со тупаница ја нападнале вработената, која се обидела да им се спротивстави во момент, кога тие ги одземале парите од дневниот промет во вкупен износ од 15.000 денари. Пријавената група, користела штрафцигери и друг соодветен алат и насилно влегле во менувачница, од каде одзеле 4000 денари, 40 евра, лап топ компјутер марка „Леново“, два мобилни телефони, а со помош на метална шипка, откорнале дел од вратата на црквата “Св.Никола болнички“ од каде, одзеле 10.000 денари.
На истиот начин, тие влегле во еден бутик, цвеќара и продавница во Охрид, притоа одземајќи пари и други вредни предмети, во вредност од околу 30.000 денари, додека од златара во Струга, одзеле златен накит. Од паркиран автомобил, оставен незаклучен на паркингот кај комплексот „Горица 3“, одзеле 240 евра, од ноќен клуб во Охрид, од женска ташна, одзеле мобилен телефон, а од несесер оставен до шанк на плажа, одзеле 130 евра и 3650 денари.
Дел од пронајдените пари и другите вредни предмети, се одземени и вратени на оштетените. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.