Црна хроника
Куршуми завршија во амбулантата во тетовско Долно Палчиште
Два куршумa завршиле во амбулантата во тетовското село Долно Палчиште ноќта меѓу вторникот и средата, информираат од полицијата.
Едниот куршум го оштетил левиот прозор на објектот, а другиот го пробил десниот прозор и завршил на подот во амбулантата. Во моментот на инцидентот амбулантата на работела.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово, при што се подигнати два деформирани проектила и една чаура пиштолска муниција, што ќе бидат доставени за вештачење.
Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.