Црна хроника
Биг Мама и нејзиниот пријател се превртеле менувајќи ги местата на скутерот
Несреќата со скутер во која загина едно лице, а пејачката Биг Мама е повредена, се случила во моментот кога двајцата сакале да ги заменат местата на скутерот, по што скутерот се превртел, соопшти охридската полиција.
Двајцата паднале во водата, а на себе не носеле безбедносни појаси за спасување. Набрзо, на критичното место, со глисери пристигнале спасители кои ги слушнале повиците за помош.
Тие успеале да ја спасат дваесет и шестгодишната пејачка од Тетово, но телото на нејзиниот пријател го нашле на два метри длабочина.
Двете лица, едното без витални знаци на живот, а другото во состојба на шок, итно биле пренесени во општата болница во Струга.
Несреќата се случи во четврток во 18 часот во Охридското езеро кај Струга на околу 400метри од брегот./крај/ох/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.