Црна хроника
Уапсени двајца изнудувачи
Двајца скопјани уценувале свој сограѓанин, барајќи од него да им исплати 7.000 евра за да му ги вратат работите што претходно му биле украдени од автомобилот.
Четириесет и шестгодишниот Џ.И. и 35 годишниот У.А. му се заканувале на 38 годишниот Ф.М. дека ќе го ликвидираат доколку не им даде пари.
Тој случајот го пријавил во полиција, по што договорил средба со двајцата изнудувачи во слаткарницата „Палма“ во Карпош. Таму им дал 2.000 евра кои претходно биле обележани од полицијата.
Кога изнудувачите ги зеле парите и се упатиле кон својот автомобил, биле уапсени од полицијата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.