Црна хроника
Земјоделец настрада во несреќен случај
Седумдесет и двегодишен жител на кочанското село Долни Балван во сабота вечер го загуби животот во несреќен случај.
Како што соопшти полицијата, Миле Р. вршел земјоделски работи на нивата и најверојатно при промена на испаднатата полуга од косачката, телото му било нагмечено помеѓу полугата од косачката и калникот на тракторот, при што починал на лице место.
Увид на лице место извршиле ИС, ЈО и увидна екипа од СВР-Штип. По наредба на ИС, телото на починатиот е предадено за обдукција. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.