Црна хроника
Четири лица претепале жител на липковско Оризаре
Четири лица претепале жител на селото Оризаре, Липково додека возел кон Куманово, соопшти МВР.
Додека кумановецот се движел со неговиот „голф“ на улица “11-ти Ноември“, ја намалил брзината бидејќи на патот излетало куче.
Изреволтирани, напаѓачите го престигнале со црн џип „мерцедес“ со швајцарски таблици, го отвориле прозорецот и почнале да го навредуваат и да му се закануваат дека ќе го истепаат и заминале.
Кумановецот продолжил да се движи, но на надвозникот во близина на касарната, на левата страна од патот го видел џипот пред кој стоеле напаѓачите кои му дале знак да застане.
Кога го сопрел автомобилот, почнале да ги кршат со нога стаклата од предните леви врати и го нападнале.
Го удирале со раце, нозе и метален клуч за отшрафување на тркала по лицето и телото. Од нападот чувствувал болка од лева страна на лицето, поточно под окото и во пределот на забите, кои повреди не се видливи./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.