Црна хроника
Лажел дека е киднапиран, за да изнуди пари од брат му
Триесет и петгодишен скопјанец сакал да изнуди пари од својот брат, лажејќи го дека е киднапиран во Косово, соопшти полицијата.
Имено, К.М. со намера да се стекне со противправна имотна корист, влегол илегално на Косово и преку телефон му се јавил на неговиот брат К.Н. и лажно го информирал дека е грабнат од непознати лица и дека со сила го држат во близина на Приштина, а за да го ослободат бараат да им даде 32.000 евра. К.М. неговиот брат го замолил да побарат пари од нивни пријатели за да го ослободат, а случајот да не го пријавува во полиција за што му испратил СМС со содржина “Не мешај полиција, знаат се за фамилијата, побрзо“.
К.Н. случајот го пријавил во Полициска станица „Кисела Вода“ каде се преземени мерки за расчистување на случајот и во соработка со Косовската полиција, К.М. е пронајден во Урошевац и лишен од слобода.
Во извршениот разговор, истиот во целост го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.