Црна хроника
Царината заплени 850 рачни часовници заради можен фалсификат
Цариниците на граничниот премин Деве Баир привремено задржаа 850 рачни часовници, поради сомневање дека се фалсификати на заштитени трговски марки.
Часовниците биле откриени во товарно моторно возило со турски регистарски ознаки, натоварено со разна стока со потекло од Дубаи. При детална контрола на стоката, пронајдени се две кутии со вкупно 850 рачни часовници со ознаки на заштитени трговски марки.
Пазарната вредност на стоката, која била наменета за пазарот во Косово, се проценува на околу 680 илјади денари.
Стоката е привремено задржана, а отпочната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.