Црна хроника
Деветмина приведени за убиството на Маријан Тушевски – осомничен и Љубе Бошкоски
Полицијата утрово приведе девет лица заради расветлување на убиството на Маријан Тушевски.
Од полицијата велат дека лицата биле обезбедени по барање на обвинителството и дека меѓу нив бил и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски кој тогаш беше министер.
Тушевски беше убиен во 2001 година и беше поврзуван со многу криминални зделки во Македонија во тој период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.