Црна хроника
Во куќа во Струга влегле 15 вооружени лица и ги нападнале домаќините
Во понеделникот ноќта околу 2 часот по полноќ, 15 вооружени лица влегле во куќа во Струга при што ги натепале домаќините и туристите од Косово, јави МВР.
Имено, ноќеска во Струга, на ул.„Нико Нестор“ бб, во дворот од куќата на Х.Д. влегле околу 15-тина лица од кои некои биле вооружени со автоматски пушки и пиштоли, а меѓу нив бил и В.А. и физички го нападнале сопственикот.
Во дворот имало туристи од Косово, Р.Х.(1969) и неговата сестра В.Х., кои исто така биле физички нападнати од разбојниците, кои потоа избегале во непознат правец.
Причина за насилството најверојатно е предходна семејна расправија меѓу Х.Д. и В.А.
Поради здобиените повреди тројцата нападнати се пренесени во Медицинскиот центар во Струга.
На лице место полицијата пронашла една рамка од пиштол, еден куршум и еден скршен пендрек
Полицијата во Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.