Црна хроника
Бездомник избодел двајца браќа со нож оти зборувале лошо за бездомниците
Прилепчанец, бездомник кој бил привремено сместен во детското одморалиште во село Љубанци избодел двајца браќа оти зборувале лошо за лицата кои биле сместени во одморалиштето.
Во вторникот околу 23.30 часот додека прилепчанецот седел во својата соба во одморалиштето, излегол во ходникот на одморалиштето и ги слушнал двајцата браќа од Скопје како разговараат со нивниот вујко кој исто така привремено престојувал во одморалиштето.
Браќата, едниот 18-годишен, а другиот 16-годишен, навредливо зборувале за лицата што се сместени во одморалиштето. Прилепчанецот почнал да се расправа со браќата и во еден момент извадил нож и ги избодел. На едниот му нанел повреди на дебелото црево, на стомачната марамица и рана во десниот бут, додека на другиот повреди по телото и главата.
Дошол братот на бездомникот, кој исто така бил сместен во одморалиштето и се обидел да ги раздвои. Но и тој добил повреда на левиот бут.
Други две лица кои биле сместени во одморалиштето ги однеле повредените во болница, а против насилникот ќе биде поднесена кривична пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.