Црна хроника
Масовна соседска тепачка во Штип- едно лице заврши со скршена рака
Едно лице заврши со скршена рака, во соседска масовна тепачка во Штип, соопшти МВР.
Инцидентот се случил во среда вечерта, петнаесет минути пред полноќ, кога во двор во куќа на улица „Крсто Митов“ се степале две семејства, а поголемиот дел од нив биле пијани.
Од една страна биле дваесет и осумгодишниот М.А. и неговата мајка и триесет и двегодишниот Б.Н., а од другата страна во тепачката учествувале триесет и петгодишниот Ѓ.М. и неговиот брат и четириесет и тригодишниот М.Н. .
Се тепале со тупаници, а во тепачката била употребена и дрвена рачка од секира.
Поголем дел од учесниците во тепачката се здобиле со полесни повреди, а Б.Н. добил скршеница на подлактицата на левата рака.
Тешко повредениот е префрлен во болница, а од полицијата најавуваат соодветен поднесок.Недоразбирањата меѓу соседите траеле подолго време./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…