Црна хроника
Осомичен за двојно убиство во Скопје уапсен во Доминиканска Република
Осомничен за двојно убиство што го извршил пред пет години во Скопје, пред два дена е уапсен во Доминиканската Република, соопшти МВР.
Станува збор за Ѓорѓи Топаловски кој се товари за убиството на 35-годишниот Андреј Филип – Џиџи и 30-годишниот Новица Благоевиќ – Моско од Скопје, во 2007 година кај Зоолошката градина во Скопје.
Топаловски престојувал во Доминиканската Република со литвански пасош на име Ареи Аргеад.
Откако Интерпол Санто Доминго го известило нашето Министерство за внатрешни работи дека таму престојува лице кое се бара со меѓународна потерница за убиство, Топаловски бил депортиран во Мадрид. Во тек е постапка за негова екстрадиција во Македонија.
За убиството што се случи пред пет години медиумите тогаш пишуваа дека откако ги убил двајцата, се вратил за да се осигура дека ја завршил работата, пукајќи им в глава, а потоа со автомобилот прегазил еден од нив.
Неофицијално, причина за убиството е лихварство. Двајцата лихвари дошле да ги израмнат долговите со должникот, но тој зел пиштол и пукал во нив./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.