Црна хроника
Директорот на прилепскиот затвор цел на бомбашки напад
Експлозивна направа во саботата околу 02:00 часот е фрлена и експлодирала во дворот на куќата на директорот на прилепскиот затвор Драган Пенков, соопштуваат од полицијата.
При инцидентот нема повредени, а од екплозијата се оштетени фасадата на куќата и неколку прозорци, а е направен и кратер во тревникот пред куќата, лоцирана на улицата „Ѓорги Сугаре“.
Прилепската полиција работи на пронаоѓање на сторителот. За случајот е известен и Секторот за антитероризам, информираат од Министерството за внатрешни работи. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.