Црна хроника
„Македонија е грчка“ – транспарент од грчки навивачи во Струмица
Грчка навивачка група предизвика серија инциденти за време на квалификацискиот натпревар за шампионската лига во женска конкуренција меѓу екипите на ФК „Паок“ од Грција и ФК„Наше Такси“ од Македонија, одржан во саботата во Струмица.
Според информациите од МВР, гостинската навивачка група, пред стартот на натпреварот на струмичкиот стадион „Младост“ истакнале транспарент на англиски јазик со натпис „Македонија е грчка“, по што по реакција на делегатот од УЕФА транспарентот бил сокриен, а 3 минути пред крај на натпреварот повторно бил истакнат, што создало револт кај домашната навивачка група.
Откако делегатот на УЕФА почнал со видеокамера да го снима транспарентот и реакциите на домашната навивачка група, истите повторно го сокриле транспарентот, а навивачката група на ФК „Наше Такси“ се повлекле од трибините се додека не престанат провокациите и немирите од навивачката група на ФК „Паок“.
По одржаниот состанок, делегатот на УЕФА донел одлука лицата од навивачката група на ФК „Паок“ да бидат отстранети од трибините и да бидат качени во автобуси, по што дошло до туркање на поединци со вработени во агенцијата за обезбедување „НИКОБ“, при што интервенирала струмичката полиција спречувајќи понатамошно нарушување на јавниот ред и мир.
Автобусите со навивачката група на „Паок“ во 20.40 часот преку ГП-Богородица ја напуштиле територијата на Македонија.
По извршениот увид констатирано е дека гостинските навивачи искршиле 40 пластични столчиња на трибините на струмичкиот стадион. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.