Црна хроника
Пијан девер со копач претепал снаа
Педесетгодишна жена од виничкото село Градец со тешка телесна повреда е префрлена во Ургентниот центар во Скопје, откако нејзиниот девер ја претрпела со копач.
Инцидентот се случил во неделата на нива, каде што додека работела жената дошол нејзиниот девер З.С.(56) и под дејство на алкохол започнал расправија околу наводнување на нивните бавчи.Пијаниот девер зел копач и неколку пати ја удрил жената во пределот на главата по што си заминал.Повредената жена најнапред била префрлена во медицинскиот центар во Кочани, но поради сериозноста на повредата била пренесена во Скопје.З.С. е приведен во полициската станица во Виница и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.