Црна хроника
Тешки кражби низ Македонија
Во текот на вчерашниот ден биле извршени три тешки кражби на територијата на Македонија, во тетовско, Куманово и во Скопје, при што се украдени златни предмети, пари и стоматолошки материјали, соопшти МВР.
Од 9 до 15 август, во село Требош, тетовско, непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во куќата на Б.С. и извршил тешка кражба, одземајќи златен накит во вредност од околу 420.000 денари.
Ноќта на 15 август, пет минути по полноќ во СВР Куманово Р.А.(44) од Куманово пријавил дека на ул. „11-ти Октомври“ непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во неговата куќа и извршил тешка кражба, од каде одзел златен накит во вредност од околу 144.000 денари, 2.500 евра, 1.300 швајцарски франци, 20 долари, 3.000 денари и патна исправа.
Во периодот од 13 до 15 агуст пак била ограбена куќата на ул. „Букурешка“ во Скопје.
Непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во куќата на Т.Л.(66) и извршил тешка кражба, од каде одзел околу 30.000 денари, два мобилни телефони, печат-факсимил, магнет за реума и околу 40 стоматолошки и ортодонски клешти, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.