Црна хроника
Непознати напаѓачите на возот со „Комитите“
Сé уште не се идентификувани лицата што во неделата во скопската населба Север го каменуваа возот со кој навивачката група Kомити на актуелниот фудбалски шампион Вардар патуваа во Кичево на натпреварот против Напредок, а беа повредени четворица навивачи и еден полицаец кој патувал како обезбедување
На еден од повредените навивачи, малолетник, како и припадникот на полициското обезбедување коешто превентивно патува со навивачките групи, лекарска помош им е пружена во скопската Градска болница „св. Наум Охридски“, по што се отпуштени дома.
При каменувањето се искршени 11 прозорци од вагонот во кој биле навивачите.
Според скопската полиција групата којашто го каменувала возот броел меѓу 15 и 20 лица. Иако нема официјална реакција од навивачката група „Комити“, неименуван нивен претставник за телевизијата Сител изјави дека се сомневаат на членовите на ривалската навивачка група „Шверцери“, коишто претежно потекнуваат од населбите во близина на местото на инцидентот.
Од скопската полиција наведуваат дека се преземаат интензивни мерки за откривање на напаѓачите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.