Црна хроника
Спречувал расправија, заработил повреда
Триесет идве годишен жител на охридското село Лешани е повреден при обидот да спречи расправија меѓу двајца охриѓани, информираат од полицијата.
Инцидентот се случил во вторник, околу 18:30 часот во охридското село Велмеј, кога дошло до расправија меѓу двајца охриѓани на 38, односно 34-годишна возраст. Во еден момент едниот од нив извадил нож и замавнал. Во намерата го спречил 32-годишниот жител на Лешани, кој заработил повреда на десната подлактица.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов- Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовчанец агресивно се однесувал со полицаец кој вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.