Црна хроника
Приведени две лица заради фалсификат
Две лица, едно од Скопје и едно од Косово, се приведени заради фалсификување на македонски пасош, соопшти полицијата.
Приведени се 31 годишниот Е.А. од Скопје и 42 годишниот Д.Б. од Митровица во Косово.
Имено, пријавените во текот на овој месец, по претходен договор, се сретнале во Урошевац, Р. Косово, каде се се договориле Е.А., за парична награда од 5.000 евра да направи лажна белгиска лична карта на име на државјанин на РМ со фотографија од Д.Б. По неколку денови се повторно се сретнале во Скопје, кога второпријавениот му дал две свои фотографии, кои биле искористени за да се направи фалсификуваната белгиска лична карта, која гласела на име на македонски државјанин.
Потоа на 17 овој месец двајцата се сретнале во ТЦ Мавровка, од каде заминале во зградата на Македонската телевизија, односно во Управните служби при МВР каде Д.Б. пријавил заминување во странство подолго од три месеци со наведување на земјата Белгија, употребувајќи ја фалсификуваната лична карта како вистинита. Двајцата се упатиле во кабина за сликање, каде Д.Б. ја завршил целосната постапка за поднесување барање за добивање на македонска патна исправа и се фотографирал.
За успешно завршената работа, Е.А. си ја побарал и ја добил паричата награда од 5.000 евра, по што на 22 август заедно го подигнале пасошот и се упатиле кон граничниот премин Блаце, каде од страна на полициските службеници се легитимирани и приведени. Белгиската лична карта е одземена од Д.Б. и по извршеното вештачење е утврдено дека станува збор за фалсификат. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.