Црна хроника
Автобус се запали на патот Велес-Штип, нема повредени
Автобус на компанијата „Ирена вел“, што превезувал патници од Радовиш, во вторникот околу 17:30 часот се запалил на патниот правец Велес – Штип, јави порталот Лисица.
За среќа, патниците навреме го напуштиле автобусот и причинета е само материјална штета.
Противпожарната единица од Велес, со две возила интервенирала во гаснењето на пожарот.
Поради инцидентот, патниот правец Велес – Штип бил затворен за сообраќај околу еден час. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.