Црна хроника
Загина велосипедист на патот Прилеп – Битола
Педесет ичетири годишен велосипедист од Прилеп загина во тешка сообраќајна несреќа што во средата околу 18:45 минути се случи на патот Прилеп – Битола, информираат од МВР.
До несреќата дошло кога се судриле патничко возило „Мерцедес“, товарно возило „Мерцедес“ и велосипед „Партизан“, кога велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар во Прилеп, но им подлегнал на повредите.
При незгодата телесно е повреден и 11-годишно дете, кое било сопатник во камионот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.