Црна хроника
Четворица Пакистанци пронајдени во турски камион
Царинските службеници од граничниот премин „Богородица“ во четвртокот спречија обид за нелегален влез на 4 илегални мигранти од Пакистан, информираат од Царинската управа.
Во пладневните часови за влез во државата се пријавило товарно моторно возило со турски регистарски ознаки, управувано од турски државјанин. Возилото, натоварено со моторно масло наменето за пазарот во Косово, било селектирано за царинска контрола, при што во товарниот простор, помеѓу бурињата со моторно масло, биле откриени четири машки лица, пакистански државјани, кои имале намера илегално да влезат во Република Македонија.
Илегалните мигранти се предадени на Министерството за внатрешни работи, за понатамошна постапка. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.