Црна хроника
Ограбени казино и приватна куќа во Скопје
Во петокот и ноќта кон сабота скопската полиција регистрирала две кражби, од кои едната вооружена во казино и една на приватна куќа.
На улицата „Финска“ во скопската населба Гази Баба, ноќта околу 01,40 часот, во казиното „Астра“, маскирано лице откако пред казиното испукало еден истрел од пиштол во воздух, влегло внатре и со закана од вработениот одзело околу 500 илјади денари, по што заедно со уште едно лице кое го чекало со мотоцикл, избегале во непознат правец. Скопската полиција соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Претходно во петокот скопската полиција добила известување дела во периодот меѓу 13,45 до 14,40 часот, на улицата „Јајце“ во Чаир, во куќата сопственост на 60-годишен скопјанец, засега непознат сторител со фалсификуван клуч или калауз, како што претполага полицијата, ја отворил влезната врата, по што украл разен златен накит во вкупна вредност од околу 170 илјади денари. Во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.