Црна хроника
Ќе ги изгазел поради пасиште
Во саботата попладне гневен жител на тетовското село долно Палчишта, ќе прегазел двајца свои соселани проади недорабзирање околу напасување на добиток.
Инцидентот се случил на регионалниот пат во селото Долно Палчиште, кога тамошен 31-годишне жител со автомобил „лада“со тетовски регистерски таблички, се обидел да прегази браќа, еден негов врсник другиот на 38-годишна возраст.
Браќата успеале да се сокријат во локалната колонијална продавница „Ватра“, по што разгневениот нивен соселанец во возилото во ѕид од куќа , а потоа излегол од возилото, земал дрвен стап и почнал да ги крши стаклата и инвентарот од продавницата по што побегнал од местото на инцидентот.
Подоцна со лутиот жител на Долно Палчишта полицијата извршила разговор и по целосно расчистување и документирање на случајот најави дека против него ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/со/фм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.