Црна хроника
Сопружници пронајдени мртви во нивниот дом во кичевско
Повозрасен брачен пар пронајден е мртов во неделата попладне во нивниот дом во кичевското село Србица.
Како што соопшти во понеделникот Министерството за внатрешни работи, вчера во 14.45 минути во полициската станица во Кичево било пријавено дека во селото Србица во куќата на Иса И.(69), пронајдени се починати Иса И. И неговата сопруга Селиме И.(69).Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Истражен судија телата на починатите се предадени за обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Станува збор за иселеници кои живееле во САД, а за време на летниот период дошле во посета на своето родно место Според првичните информации сопружниците најверојатно биле убиени со удари од тап предмет. Се претпоставува дека мотив за убиството е грабеж бидејќи работите во куќата биле испретурани и расфрлани, но полицијата засега нема информации дали било нешто украдено. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.