Црна хроника
Пијан Тетовец пукал по околните згради и случајните минувачи
Жителите на Тетово ноќеска претрпеа страв, откако нивни 54-годишен сограѓанин, кој бил во алкохолизирана состојба, пукал неконтролирано кон околните згради и кон случајните минувачи.
Според билтенот на МВР, граѓаните во 01,17 минути во тетовската полиција пријавиле дека на улица „180“непознато лице од огнено оружје неконтролирано пука.Излезено е на местото на настанот, затекнат е Џ.К.(54) од Тетово, кој бил под дејство на алкохол и кај истиот е пронајден пиштол „екол туна“, а од извршениот увид пронајдена е една испукана чаура од пиштолска муниција, се вели во соопштението. Џ.К. е приведен во СВР Тетово за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.