Црна хроника
Ветувал евтини „пежо-а 308“ и измамил стружанец
Кривична пријава против В.К. (39) од охридското село Требеништа е поднесена, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во текот на 2010 година, на Н.Д. од Струга му ветил дека за сума од 30 илјади евра може да му направи услуга и преку негови пријатели во Скопје да му набави три нови автомобила „пежо-308“.
Пријавениот В.К. тоа го направил со лажно прикажување и прикривање на факти, и ветување дека трите нови возила ќе ги набавел од авто-салон во Скопје, и во рок од еден месец ќе му ги испорача во Струга.
Тој дури и го повикал оштетениот да дојде и да се сретнат пред авто-салонот „Пежо“ во Скопје, по што го упатил во салонот да си одбере боја на возилата, велејќи му дека вработените знаат, бидејќи му биле блиски пријатели со кои била договорена пониска цена од реалната, односно цена од 10 илјади евра по возило.
Додека оштетениот ги разгледувал возилата, пријавениот го чекал надвор пред авто-салонот.
Откако излегол од авто-салонот и на пријавениот му ја кажал бојата што ја одбрал, оштетениот добил уште едно ветување дека за еден месец ќе ги добие новите возила.
Оштетеното лице, во повеќе наврати на пријавениот му ги исплатил парите, давајќи му дел во готово а дел на трансакциска сметка на еден од неговите родители. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.