Црна хроника
Авиони на полетување од „Александар Велики“ удриле во јата птици
Два авиони, на компанијата „Визер“ и „XL Airways“, кои слетувале или полетувале од аеродромот „Александар Велики“ за Лондон и за Дизелдорф, удриле во јата птици, по што биле приземјени на аеродромот и чекале проверка на леталата, јави МВР.
Имено, во сабота, во 18 часот воздухопловот на авиокомпанијата „Визер“ кој летал на линија од Лондон со 131 патник, при слетување на „Аеродром А.Велики“ – Скопје удрил во јато птици.
Воздухопловот, по планот на летање требало да полета во 18.25 часот за Лондон со 188 патници, но од безбедносни причини капетанот на воздухопловот го одложил полетувањето се додека не дојде авиомеханичар од авиокомпанијата „Кроациа“, кој требало да изврши преглед над воздухопловот и да даде одобрение за полетување.
Истиот ден во 17.45 часот воздухопловот на авиокомпанијата „XL Airways“ кој полетал за Дизелдорф со 179 патници, при полетување истотака удрил во јато птици, и по поминат одреден период во воздух, капетанот на воздухопловот одлучил да се врати на аеродромот„А.Велики“ – Скопје и слетал во 18.45 часот.
Капетанот на воздухопловот чекал авиомеханичар од авиокомпанијата „Кроациа“ да изврши преглед над воздухопловот и да даде одобрение за полетување.
Патниците од двата воздухоплова се наоѓале во просториите на излез на 203 и 204 се до полетување.
Воздухопловите полетале за Лондон и Дизелдорф во 22.00 и 23.00 часот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.