Црна хроника
Момче од Струмица отворило лажен facebook профил на државен службеник
Момче од Струмица, отворило лажен facebook профил, на кој се претставувало како државен службеник од Собранието на Македонија, јави МВР
Единицата за Компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВРподнесе кривична пријава против К.К.(17) од Струмица, за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци“ по член 149 ст.1 од КЗ на РМ.
Пријавениот, во текот на август 2011 година без знаење и согласност на оштетеното лице, функционер во Собранието на Република Македонија, извршил злоупотреба на личните податоци од оштетеното лице на тој начин што преку интернет симнувал јавно објавени фотографии од оштетениот со чија помош на социјалната мрежа за дружење и ширење познанства www.facebook.com објавувал содржини во вид на текст, стекнувал познанства и обавувал разговори со повеќе лица, претставувајќи се во име на функционерот.
При преземањето на мерките и активностите од страна на Единицата за компјутерски криминал за откривање на лицето кое ги злоупотребило податоците е утврдено дека постои регистриран профил со наведените податоци, пронајдени се повеќе фотографии и текстуални содржини поврзани постирани од име на функционерот.
Преку одговорните лица на социјалната мрежа за дружење facebook се побарани податоци за IP адресата од која е креиран и одржуван наведениот профил при што се добиени логови на ИП адреси за бараниот профил. Од извршените проверки за тоа кое лице ја користело IP адресата од која е креиран и одржуван наведениот профил е утврдена локацијата од каде е пристапувано до истиот, односно домот на пријавеното лице во Струмица.
Од извршениот претрес во домот на пријавеното лице при што е пронајдено и одземено компјутерско куќиште од кој пријавениот пристапувал на интернет и истото е доставено на вештачење во Одделот за криминалистичка техника во МВР.
Од извршеното вештачење утврдено е дека на одземениот компјутер се наоѓаат повеќе фајлови и податоци од кои се потврдува дека со одземениот компјутер е пристапувано на лажно креираниот профил на www.facebook.com. Исто така пронајдени се и веб страниците на интернет од каде што се симнати фотографии подоцна користени при креирање на профилот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.