Црна хроника
Првообвинетиот во `Детонатор` ги отфрли обвиненијата
Почна судскиот процес за полициската акција „Детонатор“ во која им се суди на 16 лица од Кочани, Штип и Виница.
Двајца од нив се во бегство, а обвинетите се товарат дека три пати се обиделе да го убијат Драганчо Стојменов два пати со подметнување експлозив на неговиот автомобил, а третиот пат дека првообвинетиот Игор Горански се обидел да го убие со пушка.
Обвинителството ги товари и за лихварство, односно дека давале позајмици со високи камати, за поседување нелегална коцкарница, и дека преку нивна агенција за обезбедување „Титан груп“ приморувале сопственици на објекти да им плаќаат месечен надомест за обезбедување, иако не ги обезбедувале нивните објекти.
Обвинети се Игор Горански, Жан Железарски, Горан Божиновски, Јорданчо Михајлов, Стојан Паликрушев, Тони Лесански, Далибор Алексовски, Милан Арсов, Ванчо Ќорпашев, Горан Кузмановски, Сашко Стојменов, Димитар Јованов, Ангел Андонов, Горан Наумов, и Сашко Стојчев и Симеон Михаилов, кои се во бегство. Горан Кузмановски е поранешен сопруг на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Кузмановска.
Првите шестмина се обвинети дека ја создале криминалата група.
Првообвинетиот Горански ги отфрли обвиненијата и тврдеше дека никогаш ниту договарал, ниту ангажирал други лица за да го убијат Драганчо Стојменов, јави репортерот на Макфакс.
Тој тврдеше дека токму Стојменов го нападнал и го натепал во неговата дискотека „Ефект“ во Виница во 2009 година, за што се води и судска постапка.
Појасни дека Стојменов ги избркал сите полицајци од дискотеката и му се заканувал.
За обвинението дека пукал кон него со пиштол, Горански тврди дека тогаш, кога наводно се случил нападот, тој ја носел својата ќерка на лекар во Скопје и дека во меѓувреме седнал во кафуле во скопската населба Аеродром со пријател од Скопје.
Кога заминал од Т.Ц. Бисер кон Центар, забележал автомобил „алфа ромео“, како вози зад него, управувано до Стојан, познаник од Чешиново, а Драганчо Стојменов седел на задното седиште. Автомобилот се паркирал, но повторно забележал дека го следат. Кога стигнал во Центарм автомобилот се изгубил и тврди дека тогаш ниту пукал кон автомобилот, ниту имал оружје во својот автомобил.
Драганчо го познавал од 2005 година, како пријател на неговиот поранешен партнер во дискотеката кој сега веќе бил починат. Биле во нормални односи сé до 2009 година кога, наводно, го нападнал.
Горански тврди дека дел од обвинетите воопшто не ги познава или дека ги знае само како свои сограѓани.
Судењето продолжува./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.