Црна хроника
Ветувал работни визи за европски земји, со 10.000 евра избегал од Македонија
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 28-годишниот германски државјанин Ј.К. осомничен за измама.
Пријавениот на околу 20-тина лица од Охрид и од други градови во Македонија, им ветувал дека може да им обезбеди работни визи за Германија, Австрија и Швајцарија, за што им наплатувал од 450 до 500 евра. Со тоа, пријавениот германски државјанин, нелегално заработил околу 10.000 евра.
Тој во текот на јуни и јули престојувал во Охрид, регистрирал фирма за посредување и вработил лица преведувачи од германски и англиски јазик. Отворил телефонски сервис, изработил флаери и во неколку медиуми дал оглас за вработувања. Со многубројните заинтересирани граѓани, пријавениот остварувал средби и разговори, по што изготвувал обрасци со потребните податоци за кандидатите и со нивните работни познавања. Потоа, им давал уплатници за уплата на 450 до 500 евра во зависност во која земја кандидатите сакале да аплицираат, по што потпишувале работни договори. По барање на кандидатите за некаква гаранција и заштита, пријавениот изготвувал писмени изјави во кои се обврзувал да обезбеди работни визи а доколку се јават проблеми, тогаш ќе им врател 380 евра. Останатите 120 евра наводно ќе биле покритие за направените трошоци по амбасадите.
Писмените гаранции, пријавениот ги заверил кај нотар, а потоа ја напуштил Македонија. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.