Црна хроника
Откриени авганистански, пакистански и сомалиски мигранти во гевгелиско
Двајца авганистански, осум пакистански и седум сомалиски илегални мигранти се откриени на автобуската постојка кај селото Смоквица, соопшти МВР.
Мигрантите биле затекнати на 14 овој месец околу 1 часот во автомобил „фолксваген транспортер“.
На автобуската постојка биле затекнати два автомобили, но едниот го напуштил местото, а во другиот биле затекнати двајца струмичани и уште двајца авганистански мигранти.
Покрај возилото на самото место пронајдени се уште 15 странци, осум пакистански и седум сомалиски државјани, сите со илегален престој во Македонија.
Тие се приведени, а струмичаните во полиција признале дека заедно со уште еден нивен сограѓанин на паркингот кај селото Прдејци во автомобилот качиле двајца авганистански државјани, додека останатите мигранти требало да ги земат на паркингот кај село Смоквица.
Против тројцата струмичани е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти и им е одреден 30-дневен притвор./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.