Црна хроника
Повреден полицаец по фудбалски натпревар во Кавадарци
Еден полицаец е повреден по фудбалскиот натпревар меѓу клубовите „Тиквеш“ од Кавадарци и „Ѓорче Петров“ од Скопје, соопшти МВР.
По завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба на стадионот во Кавадарци, 20 домашни навивачи почнале да фрлаат камења и други предмети кон полицајците од Кавадарци, кои го обезбедувале натпреварот и кон гостинската навивачка група.
Полицаецот бил повреден, откако еден од камењата завршил во неговото лице. Тој е пренесен и задржан на лекување во здравствениот до Кавадарци, каде му е утврдена телесна повреда.
Кавадаречката полиција го расчистува случајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.