Црна хроника
Прилепчанец ранет со пиштол во „Точила“
Прилепчанец е ранет со пиштол во саботата вечерта во прилепската населба „Точила“, зад зградите К3В и К2В, соопшти МВР.
Триесетгодишниот прилепчанец И.И. синоќа кога си одел дома со својот автомобил „Опел астра“, бил пресретнат од друг автомобил со темна боја.
Од автомобилот излегло непознато лице кое вперило пиштол кон прилепчанецот и му рекло „Уште ќе се расправам со тебе“.
Напаѓачот исупкал неколку куршуми и избегал. Ранетиот прилепчанец побарал помош во градската болница во Прилеп. Лекарите утврдиле дека има прострелна рана на подлактицата од левата рака и уште една рана како посекотина.
Поради несоработка, ранетиот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп. На автомобилот „опел астра“ утврдени се две во пределот на левата врата.
Возилото е однесено во ПС-Прилеп за понатамошна крим-техничка обработка. Се превземаат мерки за расчистување на случајот./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.