Црна хроника
Спасен планинар кој паднал во провалија на Пелистер
Битолчанец утрово беше спасен и извлече во провалија на планината Пелистер во којашто паднал кога изгубил рамнотежа додека берел боровинки, соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Михајло Апостоловски бил најден кај планинарскиот дом Неолица на надморска височина од 1.600 метри.
Вработени во Дирекцијата за заштита и спасување рано утрово го пронашле Апостоловски и го извлекле со помош на јажиња.
Апостоловски со лесни телесни повреди и гребаници на телото е однесен во својот дом во село Брусник.
Ако Апостоловски не беше пронајден и спасен, постоеше опасност да премрзне на ниските температури во планината, кои се движат од -5 до 15 степени, или да биде плен на некое шумско животно на Пелистер, каде се наоѓаат леглата на мечките.
Дирекцијата за заштита и спасување апелира до сите граѓани на територија кои ги посетуваат планините да бидат внимателни, да не се движат сами и да не конзумираат алкохол./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.