Црна хроника
Силувал жена со заостанат душевен развој
Дебарската полицијата поднесе кривична пријава против 51-годишниот Н.И., жител на селото долгаш, Центар Жупа, осомничен за сторено кривично дело „Обљуба врз немоќно лице“.
Делото е сторено на 30-ти август, околу 12 часот, во близина на селото Долгаш, при што пријавениот, и покрај нејзиното спротивставување, насилно обљубил 28-годишна жителка на истото село, лице со заостанат душевен развој.
Пријавениот претходно ја сретнал оштетената, и ја повикал да оди со него. Откако таа го одбила, насилно, фаќајќи ја за рака, ја одвел до блискиот шумски пат, каде ја извршил обљубата. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.