Црна хроника
Продолжуваат насилствата во Виница, двајца виничани претепани
Виничанец претепал двајца негови сограѓани, оти, според неофицијални информации од полицијата, и’ се јавувале на неговата поранешна девојка.
Според информациите од МВР, во четврток попладне двајцата виничани на возраст од 31 и 23 години се возеле со автомобил, кога 24-годишниот Д.М. со автомобил ги престигнал, почнал да му се заканува на триесет иедногодишниот М.Т и му наредил да го сопре автомобилот.
Го повикал во неговото возило, почнал да вози со автомобилот и да го удира М.Т. со тупаници по главата и телото. Му се заканувал дека ќе го убие него и неговите другари.
По десетина минути присилно возење и физичко малтретирање, Д.М. со возилото застанал на местото од каде го земал М.Т., кој, пак, веднаш избегал во својот автомобил. Но Д.М. ја отворил вратата од автомобилот и повторно почнал да го тепа со клоци и тупаници.
Престанал да го тепа кога почнал да вика и да бара помош. По кратко време му се јавил на дваесет иосумгодишниот Д.Д., кој му бил другар на М.Т. и побарал од него веднаш да дојде во автопералната „Шора“, каде го нападнал.
Од штипската полиција велат дека е извршен разговор со осомничениот и дека се работи на расчистување на случајот./крај/со//мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.